Search

Косоротов во последна секунда од центар ја спаси Русија од пораз (ВИДЕО)

Полска и Русија во меч кој не решаваше ништо во групата, ремизираа 29-29, пресметка која донесе невиден трилер во последната минута, а најдобриот руски ракометар Сегеј Косоротов ја спаси „зборнаја“ од пораз со гол скоро од центар во последната секунда.

Дуелот кој беше вистинска резултатска клацкалка во завршницата приреди невидена драма, откако Полска на три секунди пред крајот дојде до водство и скоро извесна победа, откако Дашек погоди, но Русите добија три секунди за напад до крајот, тргна од центарот, а Косоротов направи три чекори, шутна најсилно и – погоди за реми.

Русија во најголем дел од првиот дел имаше контрола, водеше неколкупати и со плус три, но Полјаците знаеа да се вратат и во завршницата од првиот дел да направат и пресврт за на пауза да заминат со гол предност, најмногу водеа со два на стартот на вториот дел, а потоа Русите повторно го диктираа мечот со предност од гол-два, сѐ до самата завршница во која наизменично се менуваа двете селекции во водство и на крајот трилерот заврши со реми.

Сичко даде осум гола, а Дашек и Морити по шест кај Полска, додека Косоротов погоди осум, а Житников седумпати кај Русите.

Треба да знаете
Последни објави