Search

Косовското Собрание утре ќе расправа за платформата за дијалогот со Србија

 Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели информира денеска дека собраниското Претседателство одлучи вонредната седница за Платформата за дијалогот со Србија да се одржи утре, со почеток во 9 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Седницата е закажана за во 9 часот на барање на премиерот, изјави изјави Весели, информирајќи дека за 10 часот е предвидено продолжени на редовната собраниска седница.

Платформата за продолжување на преговорите со Србија ја изготви преговарачкиот тим формиран од Собранието, а со кој раководат вицепремиерот и лидер на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај и градоначалникот на Приштина и лидер на Социјалдемократската партија (ПСД), Шпенд Ахмети.

Најавувајќи дека Платформата ќе се најде во Парламентот во текот на неделава, Лимај вчера изјави дека очекува таа да биде изгласана од пратениците, со штокако што рече, „Косово ќе има официјален став за дијалогот со Србија”. 

Треба да знаете
Последни објави