Search

Косовски студенти бараат црквата во универзитетскиот кампус да стане „музеј на српските злосторства”

Косовската невладина организација Студентска демократија бара од Собранието на Косово да ја пренамени православната црква во кампусот на Приштинскиот универзитет, што српските власти почнаа да ја градат пред војната во деведесеттите години на минатиот век, во „музеј на воените злосторства”, јави дописникот на МИА од Приштина.

Барањето на студентите уследи по најавата на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели дека во Приштина ќе се гради таков музеј.

– Ние, студентите, бараме објектот во кампусот на Приштинскиот универзитет, кој е изграден насилно од балканските касапи Слободан Милошевиќ и Жељко Ражњатовиќ – Аркан, да служи како музеј на воените злосторства што ги изврши Србија врз цивилното население во Косово, се вели во соопштението на студентската организација.

Претседателот на Студентска демократија, Меџит Рамуса најави дека ќе се соберат голем број потписи од студентите и барањето ќе се упати до Собранието на Косово, со цел да се изгради музеј, затоа што недоизградената црква „го симболизира насилството и етничкото чистење на Косово”

Треба да знаете
Последни објави