Search

Косовските партии на изборите од 2009 до 2017 година казнети со еден и пол милион евра

 Околу еден милион и 500 илјади евра се изречени казни за политичките субјекти во текот на изборните процеси во периодот од 2009 до 2017 година, додека од 2000 до 2017 година учесниците на избори поднеле 29.730 поплаки и претставки до Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) на Косово.

Овие податоци, како што јави дописникот на МИА од Приштина, се изнесени на денешната промоција на публикација за историјатот на ПЗАП, кој ги содржи информациите за неговата работа од првите повоени парламентарни избори во 2000 година до оние локалните одржани пред две години.

Претседателката на Панелот на ПЗАП, Ѓултене Сулејмани изјави дека овие податоци ќе послужат за јакнењето и исполнувањето на кредибилитетот на изборниот процес.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, која го поддржа издавањето на публикацијата, Јан Брату рече дека овој документ е мошне значаен, не само за институциите, туку и за граѓанското општество во земјата, во напорите за подобрување на изборниот процес и на самиот ПЗАП.

Брату ги оцени последните избори во Косово, кои се одржаа на 6 октомври, како најдобро организирани во целиот регион, а за ПЗАП рече дека се докажа како транспарентна и кредибилна независна институција

Треба да знаете
Последни објави