Search

Косовските институции во 2018 година потрошиле приближно 15 милиони евра на службени патувања

Институциите во Косово во текот на 2018 година потрошиле околу 14,7 милиони евра на службени патувања, а најголема сума потрошило Министерството за трговија и индустрија.

Според извештајот на Институтот ГАП, косовското Министерство за трговија и индустрија минатата година потрошило 143.459 евра на службени патувања, од кои 44.685 евра на храна, 40.531 евра за сместување, а 32.894 евра за влезници.

Министерството за трговија и индустрија во текот на годината за службени патувања потроши 151.332 евра.

Според косовските медиуми Министерството за трговија и индустрија троши големи суми на пари бидејќи работи на проекти за привлекување на странски инвеститори.

Треба да знаете
Последни објави