Search

Косовската Влада основа Канцеларија за Прешевската Долина

Владата на Косово денеска одлучи да основа Канцеларија за поддршка на жителите на Прешевската Долина, област во јужна Србија населена со мнозинско албанско население, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според премиерот Авдулах Хоти, оваа институција ќе работи на поддршка на училиштата, обезбедување учебници и други наставни материјали, поддршка на културните активности, заштита на културното наследство, поттикнување на вработувањето преку соработка на стопанските комори и слично.

– Граѓаните кои живеат во Прешевската Долина се соочуваат со разни проблеми и потешкотии и оваа канцеларија ќе понуди поддршка на социјален, образовен, културен и економски аспект. Имајќи ги предвид поблемите со кои се соочуваат тамошните граѓани, Владата на Република Косово треба да понуди асистенција за олеснување на нивниот живот, водејќи сметка за нив преку посебна канцеларија во рамките на Канцеларијата на премиерот, изјави Хоти.

На денешната седница на косовската влада се усвоени 14 договори кои треба да се потпишат со Владата на Република Албанија на идната заедничка седница, на 2 октомври, во албанскиот град Скадар. Еден од тие договори, според Хоти, предвидува формирање на заеднички фонд за поддршка на Албанците во Прешевската Долина.

Треба да знаете
Последни објави