Search

Косово: Невладините бараат повлекување на законот за финансирање на партиите

Претставници на косовските организации на граѓанското општество протестираа денеска пред Собранието на Косово, со барање за повлекување на законот за финансирање на политичките партии.

Протестот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, е дел од кампањата на 100 невладини организации против нацрт-законот, со кој, според нив, се намалуваат надзорот и контролата врз финансиите на политичките субјекти, како и нивната транспарентност и отчетност пред јавноста.

Валмир Исмаили од организацијата Д+ изјави дека усвојувањето на еден таков закон од страна на пратениците ќе значи „спротивставување на сите меѓународни стандарди за финансирање на политичките субјекти и на самиот дух на Уставот на Косово”.

Треба да знаете
Последни објави