Search

Косово: На вонредните избори ќе учествуваат 25 политички субјекти

 Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) објави дека, до синоќа во 24 часот, кога истече законскиот рок за пријавување на кандидатите за вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври, за учество на изборите се регистрирале вкупно 25 политички субјекти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елези, по завршувањето на рокот за поднесување пријави за кандидатите на изборите, изјави за медиумите дека апликации за сертификација и листи на кандидати за пратеници пријавиле 20 политички партии и четири коалиции, како и еден независен кандидат.

Конечните листи на кандидатите кои ќе учествуваат на изборите, информира Елези, ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на сертификација од страна на ЦИК, а одлуката ќе биде соопштена најдоцна до 10 септември. 

Треба да знаете
Последни објави