Search

Косово и Албанија ќе се координираат во борбата против Ковид-19

Вршителот на должност министер за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечла, кој е и национален координатор на Меѓуинституционалната група за менаџирање со инциденти, го прими денеска амбасадорот на Република Албанија во Косово Ќемал Минџози, со кого разговарал за можностите за соработка меѓу двете држави во справувањето со пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од кабинетот на Свечла се вели дека албанскиот амбасадор бил запознаен со напорите на косовската Влада за спроведување на законот во време на пандемијата и „за нивото на готовност и мобилизација на сите безбедносни структури, кои се грижат за општата безбедност на целата територија на државата”.

– Амбасадорот Минџози оцени дека косовските институции вршат извонредна работа во поглед на менаџирање на состојбата. Тој ја нагласи посветеноста на Владата на Албанија за координирање на активностите меѓу двете земји за сите ситуации кои можат да се појават на терен, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави