Search

Косово донесе одлука за задолжителен негативен ПЦР тест за граѓаните од Македонија, Црна Гора и БиХ

Владата на Косово ја одобри одлуката за задолжителен негативен тест за коронавирус за граѓаните кои доаѓаат од Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Граѓаните мора да поседуваат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.Од таму најавуваат дека граѓаните на овие земји се исклучени од оваа одлука доколку влезат во земјата преку аеродромот „Адем Јаштри“. Тие нема да мораат да приложат негативен ПЦР тест, но ќе потпишат изјава дека ќе го напуштат Косово во рок од 3 часа.

Треба да знаете
Последни објави