Search

Косовец шверцувал лекови

Полицијата фатила Косовец со автомобил полн со шверцувани лекови, информираше МВР.

Шверцерот бил уапсен вчера околу 19 часот  кај клучка Радишани-oбиколница во Скопје. Косовецот Р.А. возел автомобил „опел” со косовски регистарски ознаки.

При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија”, казниво по член 277 од Кривичниот законик, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави