Search

Косовец фатен кај Миравци со 113 мигранти во ладилник

На 31.05.2020 околу 01.15 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, полициски службеници го лишиле од слобода И.П.(30) од Косово поради тоа што при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар). Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од МВР информиррат и дека кај Тремник бил откриени уште 19 мигранти.

-На 30.05.2020 околу 21.30 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, кај с.Тремник, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувани од непознати возачи (кои возеле во спротивен правец), удриле во патничко возило „опел корса“ со неготински регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(1962) од Неготино. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.Н.(53) од Неготино, сопатничка во возилото „корса“, која била пренесена во болницата во Неготино за укажување на лекарска помош. Возачите на возилата побегнале од местото, а во непосредна близина на местото биле пронајдени 19 мигранти кои потврдиле дека се возеле со двете возила.  Додека бил вршен увид на местото, на 31.05.2020 околу 01.15 часот, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, не застанало на две патроли, удрило во возилото „опел корса“ и продолжило со движење, а по еден километар возачот застанал и го оставил возилото и со патниците побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави