Search

Косовец притворен во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19

Косовецот кој вчера беше уапсен поради шверц на 113 мигранти во камион-ладилник е заразен со Ковид 19, потврди за Нетпрес.мк директорот на затворот „Скопје“ Есад Рахиќ.

Тој објасни дека лицето веднаш било изолирано, за да не бидат загрозени вработените и притворените лица, затоа што тоа е затворен систем. Рахиќ истакна дека денеска лицето ќе биде препратено во соодветните институции за негов понатамошен третман, иако нема изразени симптоми на Ковид-19.

Веднаш е направена дезинфекција на просториите во затворот.

Ова е втор случај на Ковид 19 во затворот во Шутка, откако во април почина притвореник од Ресен, но тестовите покажале дека никој друг во затворот не бил позитивен.

Треба да знаете
Последни објави