Search

Коронавирус меѓу членовите на посадата на брод со 1.000 луѓе крај брегот на Грција

Крузерот со околу 1.000 патници, кој патувал кон Милос, бил вратен во пристаништето Ираклион на Крит, откако било откриено дека на бродот има заразени со коронавирус.

Оние кај кои е откриен вирусот веќе се ставени во карантин.

Според грчките медиуми, тестирани се околу 150 лица, а 12 случаи се веќе потврдени. Тоа се наводно членови на посадата.

Засега е непознато дали ќе биде дозволено слегување од бродот.

Треба да знаете
Последни објави