Search

Коронавирусот ја поскапе дрогата на улиците во Виена

Цената на наркотиците на улиците во Виена драстично скокнала како резултат на пандемијата на коронавирусот, како и мерките за ограничување на движењето.

Австриската полиција уапсила уличен дилер, државјанин на Србија, кој во станица изнел интересни откритија, пренесува агенцијата „Танјуг“ повикувајќи се на австриски медиуми.

Портпаролот на полицијата Пол Ајденбергер соопштил дека Србинот е уапсен за продажба на кокаин на двајца клиенти.

Против двајцата зависници поднесени се пријави, а 44-годишниот српски државјанин е уапсен, но против нив е поднесена и пријава за кршење на законот за мерките против Ковид-19.

При претрес на станот на дилерот, полицијата пронашла 18 грама кокаин и неколку илјади евра во готово.

За полицијата било интересно што дознале дека на еден од неговите клиенти тој продал пет грама кокаин за 330 евра, а на друг 5,6 грама за 260 евра.

Ова е индикација, како што велат властите, дека цената на наркотиците значително се зголемила како резултат на мерките против коронавирусот.

Поточно, претходно многу разреден грам кокаин на улица се продавал за околу 20 евра.

Треба да знаете
Последни објави