Search

Коронавирусот стигна во шумите на Амазонија, заразена девојка од племето Кокама

Припадничка на домородно население во село што се наоѓа длабоко во Амазонија е заразена со коронавирус, што е прв таков случај кај повеќе од 300 бразилски племиња, објави денес бразилското Министерство за здравство.

Деветнаесетгодишна девојка од племето Кокама, кое живее во близина на границата со Колумбија, се заразила така што работејќи како медицинска сестра посетила неколку племиња, пренесува „Ројтерс“.

Потврдени се четири случаи во истата област, вклучувајќи и лекар, со што се засилени стравувањата дека со вирусот може да се заразат и оддалечени и незаштитени заедници.

Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на вирусот може да биде смртоносно за околу 850.000 домородни народи кои живеат во Бразил и веќе десеткувани од болести донесени од Европејците, од сипаници до маларија.

Треба да знаете
Последни објави