Search

Коронавирусот неконтролирано ќе се шири ако нема полициски час за продолжениот викенд

Од Комисијата за заразни болести предупредуваат дека ако за претстојниот продолжен викенд поради празникот Духовден не се вратат рестриктивните мерки во делови од земјата, каде што има многу активни случаи, постои голема опасност коронавирусот да почне неконтролирано да се шири, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

Дополнително, велат извори од комисијата, во одредени делови од земјата, како Лабуништа и околните села, Липково и Тетово многумина од суспектните случаи одбиваат да се тестираат и да ги кажат контактите и не може да се утврди точната бројка на заразени.

„Ако не се вратат рестриктивните мерки, се соочуваме со неконтролирано ширење на коронавирусот во одредени места, кои што сега се нови жаришта, особено во главниот град. Се размислува рестриктивните мерки да бидат предложени само за актуелните жаришта, а тие да не важат за другите места, каде што нема воопшто заразени или има само спорадично. Ќе им се препорача сигурно на граѓаните да не одат масовно на гробишта за претстојниот празник и во никој случај да не раздаваат“, вели извор од комисијата, кој не е овластен да дава официјални изјави.

Треба да знаете
Последни објави