Search

Коронавирусот го одложи Рекет, Јанева е во ризичната категорија

Судијката Васка Николовска- Масевска одлучи да го прифати барањето поднесено од адвокатите Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, бранители на Катица Јанева за одложување на денешното рочиште, откако претходно укажаа дека таа има хронична болест за која Владата препорача седење дома.

Следното рочиште треба да се одржи во четврток, доколку адвокатите не поднесат ново барање за одлагање, а судечкиот совет го одобри. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагањето е одобрено и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати кој имал респираторни проблеми.

На следното рочиште во четврток повторно ќе бидат повикани обвинителите од СЈО, кои треба да сведочат за „Рекет“ по предлог на Јанева.

Треба да знаете
Последни објави