Search

Корнавирусот и сексот: Сè што сте сакале да знаете, а не сте имале кого да прашате

Дали ќе се заразите со коронавирусот за време на секс? Можеби сте го помислиле тоа, но ви било срам да прашате.

За да ги издвоиме фактите од невистините, вашите прашања ги поставивме на експертите.

Алекс Џорџ е лекар, а Аликс Фокс новинарка која се занимава со темата секс и водителка на Би-Би-Си Радио 1.

Дали е безбедно да се има секс за време на епидемија на коронавирусот?

Лекарот Џорџ: Ако сте во врска, живеете со партнерот, делите ист простор, ситуацијата не би требало да се смени. Сепкак, ако некој од вас има симптоми на Ковид-19 тогаш би требало да држите дистанца и да се изолирате, дури и во вашиот дом. Во идеален свет, сите би требало да држиме растојание од два метри, дури и дома, но јасно е дека тоа не е баш реално.

Аликс Фокс: Многу е важно ако вие чувствувате благи симптоми на инфекција предизвикана од коронавирусот не треба да правите нешто што може да доведе до тоа и вашиот партнер да ги почувствува. Ако имате каков било симптом, држете се подалеку од партнерот.

Секс со нови луѓе?

Лекарот Џорџ: Баш и не препорачувам секс со нови партнери во овој момент, поради ризикот од ширење на вирусот.

Аликс Фокс: Исто така, не заборавајте дека луѓето кои го пренесуваат вирусот не мора да имаат никакви симптоми. Дури и ако се чувствувате сосема добро, може да се случи да заразите некој со близок контакт или бакнување.

Се бакнував со некој кој го запознав неодамна и ми се појавија симптоми на коронавирус. Што треба да направам?

Лекарот Џорџ: Ако сте се бакнувале или сте имале близок контакт со некој за кој мислите дека можеби е заразен, потрудетесе да се самоизолирате. Следете ги симптомите. Ако се влошат, треба дополнително да водите сметка. Обратете се на надлежните и побарајте помош.

Аликс Фокс: Треба да бидеме одговорни и кон себе и кон другите во нашите врски. Ако сте се бакнувале со некој, а ви се појавиле симптоми на зараза, треба да ја известите таа личност. И во случај да сте биле со некој што има симптоми, а вие ги немате, сепак е најдобро да се изолирате.

Јас и партнерот не користевме кондоми пред пандемијата, дали треба сега да почнеме?

Аликс Фокс: Одговорот зависи и од причината поради која не сте користеле кондоми. Ако причината е дека порано сте се тестирале на сексуално преносливи болести или сте во хетеросексуална врска пред менопауза, па користите друг вид на контрацепција за да спречите несакана бременост, тогаш е во ред. Но ако сте се потпирале на методи како прекин на односи и така ризикувате сексуално преносливи болести, тогаш е уште поважно сега да користите кондоми.

Можам ли да добијам коронавирус допирајќи нечиј пенис или вагина?

Лекарот Џорџ: Веројатно е дека нема само да ги добирате, туку и ќе се бакнувате истовремено, а знаеме дека коронавирусот се пренесува и со плунка. Суштината е дека речиси со секој начин на допирање се зголемува ризикот од добивање или ширење на коронавирусот, вирусот може од вашата уста да се пренесе на раце, а потоа на нечии гениталии или нос и уста.

Сакаме ризикот да го сведеме на минимум и затоа е важно да имате контакт само со партнери со кои живеете заедно.

Како да ја одржам врската во време на коронавирус? Не сакам сега да сум сам.

Аликс Фокс: Целата оваа пандемија ги охрабрува луѓето да се преиспитаат – што е она што значи добар сексуален живот и што претставува за нив пријатен и задоволувачки однос. Слушнав дека некои луѓе пишуваат еротски приказни едни на други, а оние кои се во врска, но на различни места во карантин се трудат да ги надминат времето и просторот. Многу луѓе го решаваат проблемот на разделеност на креативен начин.

Со малку фантазија можете да имате секси време и без да имате средба лице в лице со некој.

Важно е да се запамти дека сега некои луѓе ќе откријат дека нивните партнери имаат различно либидо. Особено во случаи на оние кои се гледале еднаш неделно, а сега живеат под ист покрив. Може ќе сакате секс тогаш кога вашиот партнер или партнерка тоа нема да го сака или обратно, важно е да разговарате за тоа со почит и разбирање.

Ако живеете заедно не значи дека ќе имате секс кога вие ќе посакате. За сите кои се наоѓаат во ситуација да не им е пријатно или се чувствуваат дека партнерот ги принудува да имаат односи, можат да се обратат за помош.

Дали сум ризична група ако сум позитивен на ХИВ?

Аликс Фокс: Лекарот Мајкл Брејди има одличен совет. Ако веќе примате терапија поради ХИВ и белите крвни зрна ви се во ред, тогаш не спаѓате во ранлива категорија во смисла на коронавирусот. Само продолжете да пиете лекови како и до сега и погрижете се да ги следите упатствата за заштита и самоизолација како и сите останати.

Треба да знаете
Последни објави