Search

Корбин против екстрадицијата на Асанж

Лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека британската влада треба да се спротивстави на екстрадицијата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во САД.

Корбин на „Твитер“ напиша дека САД го барале Асанж бидејќи објавил „докази за злосторства во Ирак и Авганистан“.

Дајан Абот, министерка за внатрешни работи во сенка, изјави за „Би-би-си“ дека владата треба да ја блокира екстрадицијата врз основа на човековите права.

Според неа, американскиот случај против Асанж е последица на „срамот поради работите што ги откри за американските воени и безбедносни служби”.

Лабуристичката претставничка изјави дека Асанж бил „свиркач“ и дека „голем дел од информациите што ги дал на јавноста биле од јавен интерес”.

Асанж беше уапсен вчера во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави