Search

Корбин: Затекнат сум од шокантниот инцидент на Лондонскиот мост

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија Џереми Корбин изјави дека е затекнат од денешниот „шокантен” инцидент на мостот во Лондон и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивната брза реакција.

Британската полиција денеска соопшти дека убила маж кој прободел неколку лица на мостот во Лондон и нападот го третира како терористички чин, пренесува Би Би Си.

– Шокантен извештај од Лондонскиот мост. Моите мисли се со оние кои се погодени во овој инцидент. Благодарност на полицијата и службите за реакцијата, напиша Корбин на Твитер.

Полицијата претходно соопшти дека се повредени неколку лица. „Телеграф” јави за шестмина повредени, од кои најмалку тројца во животно-загрозувачка состојба.

„Полицијата во притвор задржа еден маж. Веруваме дека неколку лица се повредени”, информираше лондонската полиција.

Според новинар на Би Би Си едно лице со нож нападнало неколкумина на мостот, кои се обиделе да го совладаат. Потоа пристигнала полицијата и испукала неколку куршуми.

Лондонската Итна служба соопшти дека настанот го оквалификувала како „голем инцидент” и оти неколку тимови излегле на терен.

Треба да знаете
Последни објави