Search

Кон: Србија не е во класична епидемија

Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека Србија објективно повеќе не е во епидемија од коронавирусот и дека е дојден крајот. Според него земјата влегува во период кога може само на некои места да се појавува овој вирус.

-Во текот на претстојните две недели треба полека вирусот да се угаси, да дојдеме до нула. Може да се случи да не се појави вирусот така брзо. Но, ние повеќе не сме во класична епидемија – изјави Кон.

Според епидемиологот кој беше дел од Кризниот штаб во борбата со пандемијата потребно е 28 дена да не биде регистиран ниту еден новоинфициран за да се одјави епидемијата. Колективниот имунитет во Србија според Кон не е подеднакво развиен во сите делови од земјата.

-Не мислам дека имунитетот е силен, бидејќи многу работевме на заштита да ја запреме епидемијата. Не сме повеќе во класична епидемија. Самата одјава бара обврски кои мормаме да ги почитуваме. Мораме 28 дена да бидеме на нула. Објективно повеќе немаме епидемија – поорача Кон.

.

Треба да знаете
Последни објави