Search

Кон: Ситуацијата во Србија не е драматична туку неповолна

Големиот број на новоинфицирани лица од коронавирусот во последниве денови кај северниот сосед Србија е причина поради што на граѓаните од оваа земја им е затворена границата за влез во Грција. Корона-кризата кај соседот будно се следи и во Македонија. Епидемиологот Предраг Кон ваквиот развој на настаните со коронавирусот ги оцени како неповолни, но не и драматични. Во Белград од 29 јуни до 3 јули во ковид-амбулантите се приајвиле 3.325 лица. Овие бројки се предупредувачки, но Кон смета дека здравствените власти треба да се подготвата за есента која многу брзо ќе пристигне.

-Ситуацијата не е драматична, туку неповолна. Таа сепак се држи под контрола. Карантинот е последна мерка во случај да дојде до колапс на здравствениот систем. Ние не сме ниту блиску до ваква ситуација. Се подготвуваат дополнителни капацитети за прифаќање на луѓето на кои ќе им биде потребна здравствена помош. Како замена за затворање и воведување полициски час е носењето на заштитни маски. Во таква ситуација вирусот нема каде да се пенесува. Се постигнува ист резултат како и да се затвориме. Животот продолжува, и не треба да се плашиме, бидејќи заштитните маски треба да ги носиме сите. Свеста кај луѓето проработува, мал е бројот на оние кои не ја користат маската – вели Кон.

Вирулентноста е присутна и покрај највите дека со тополто време вирусот ќе исчезнува. Прогнозите  дека на есен не очекува десетпати потешка ситуација кога ќе се судрат сезонскиот грип и коронавирусот, за епидемиологот Кон не треба да создаваат страв оти таа ситација ќе биде растегната во подолг временски период.

-Имаме среќа што сезонскиот грип својот пик го има во февруари и март. Ако коронавирусот остане ваков каков што е, а прогнозите се такви, максимумот на заразени од овој вирус би требала да биде достигнат во ноември и декември. Не верувам дека во ист период ќе дојде до судир на сезонскиот грип и коронвирусот, но таквата ситуација неможе целосно да се исклучи. Сепак ние создаваме некаков колективен имунитет, кој сеуште неможе да се измери, но во одреден период ќе може да се евидентира – е ставот на Кон.

 

Треба да знаете
Последни објави