Search

Кон: Сеуште постои шанса коронавирусот да исчезне

„Сеуште теоретски е можно коронавирусот да исчезне, но ако имате зголемен број на пациенти во светот, таа опција е помала“, рече епидемиологот д-р Предраг Кон.

Тој посочи дека имало многу дискусии околу фактот дека високите температури можат да го намалат преносот на вирусот.

– Природната вентилација е нешто што го разредува присуството на респираторни вируси. Затоа се очекуваше многу од летото. Овој вирус нема сезона и нема намера да ја напушти глобалната територија и не е јасно дека наскоро ќе застане – нагласува Кон.

На прашањето каква е опасноста од комбинирање на грип и коронавирус што се очекува во есен, Кон рече:

– Што се однесува до грипот, тој го има својот тек. Имаме инфекции од други вируси кои не предизвикале некои проблеми во комбинација со други. Не знаеме како ќе биде со коронавирусот. – истакна Кон.

Треба да знаете
Последни објави