Search

Кон: Погребот на патријархот Иринеј е голем епидемиолошки ризик

Епидемиологот  и член на Кризниот штаб во Србија за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот Предраг Кон изјави дека погребот на патријархот Иринеј во овој момент е голем  ризик, и дека е негова должност тоа да го каже.

Тој во изјава за РТС вели дека мерките се на сила, вклучително и забраната за собири на повеќе од пет лица, но и дека истовремено е јасно дека секој верник чувствува потреба да го испрати својот патријарх.

– Тоа што морам да го кажам е дека е голем ризик во ваква ситуација, самото испраќање и самиот погреб. Тоа е моја должност. Од друга страна, сите кои чувствуваат таква потреба, јас најубаво ги замолувам да користат заштита, да водат сметка за дистанца, да избегнат секаква можност да се заразат – порача Кон.

Официјално, тој собир во оваа ситуација е неприфатлив епидемиолошки, укажува Кон, но од друга страна, како што додава, тоа е нешто што никој не може да го забрани.

Треба да знаете
Последни објави