Search

Кон нема намера да дезертира од Кризниот штаб на Србија

Денеска напладне граѓаните на Србија ќе ги дознаат новите мерки кои Кризниот штаб за борбата против пандемијата од коронавирусот ќе ги соопшти. Речиси сигурно е дека маските ќе станат задолжителн дел и во затворениот простор, забрана за јавни собири, матурски, свадби…

Забранетите контакти треба да бидат во „главата на граѓаните“,  бидејќи сите светски иостражувања покажале дека ако се носат заштитни маски постои можност вирусот да се пренесе само еден одсто.

-Мораме крајно одговорно сите да ја разбереме оваа работа. Нема шега. Имам впечаток дека тоа сеуште не е така, но факт е дека места во болниците за новозаболените нема – вели Предраг Кон, епидемиологот од Кризниот штаб на Србија.

Запрашан да го објасни пишувањето на својот Фејсбук дека би му го препуштил местото на својот професор во пензија Зоран Радовановиќ, кој ги критикува како работат и ги „политизира стручните луѓе“, Кон додава:

-Не можам да дезертирам од Кризниот штаб  додека здравствената ситуацијата во Србија не е добра. Продолжувам да си ја работама својата работа.Тоа ништо не значи освен она што го напишав. Не можам да го напуштам бродот кога е ваква ситуацијата. Тоа не доаѓа во предвид – вели Кон.

 

Треба да знаете
Последни објави