Search

Кон: Кризниот штаб проценува дека Ковид-19 прележaле од 15 до 20 отсто граѓани на Србија

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека Кризниот штаб за борба против Ковид-19, чиј член е тој, проценува дека коронавирусот во Србија го имаат прележано „меѓу 15 и 20 отсто” граѓани.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Кон додаде дека тоа „треба да се измери” и дека „одреден имунитет веќе постои”.

-Благодарение на тоа, ситуацијата е поповолна отколку кога почна епидемијата. Сега имаме многу поголема свесност кај луѓето, така што пренесувањето на вирусот се забавува, но, сепак, тоа не е доволно за да се запре растот на заболените. Проблемот е во тоа што има многу прекршувања на мерките , изјави Кон во интервју за денешна Политика.

Тој оцени дека зголемувањето на бројот на пациенти во Белград ќе се види оваа недела и да смета дека вкупниот број на заразени лица во цела Србија ќе биде околу 200 заразени на ден, а „можеби некои денови тој број ќе биде и надминат”.

-Ние ќе ја следиме ситуацијата и ќе се погрижиме што е можно повеќе да го забавиме вирусот, кажа Кон.

Според него „потребно е да се биде што е можно помалку на места каде што може да се пренесе вирусот, а тоа се кафулињата во затворено, додавајќи дека „маската треба постојано да се носи во кафуле или ресторан”.

-Докажано е дека постои зголемен ризик од корона кога некое лице конзумира, на пример, храна, објасни Кон.

На констатцијата дека е нејасно дали тој останува на ставот дека во Белград до јуни имало повеќе луѓе починати од Ковид-19 отколку што е објавено, тој кажа дека проценката заснована врз тие статистички податоци покажа дека имало повеќе смртни случаи отколку што во тој момент е регистрирано.

Треба да знаете
Последни објави