Search

Кон: Доколку сите носиме маски заштитата од коронавирусот е скоро 99%

Епидемиологот Предраг Кон, член на српскиот Кризниот штаб во справувањето со пандемијата предизвикана од коронавирусот уште еднаш апелираше до граѓаните да носат маски, нагласувајќи дека оваа мерка, заедно со одржување на растојанието, обезбедува заштита од скоро 99 проценти.

“Ставот на СЗО на почетокот на пандемијата беше дека има смисла маската да ја користи само заразено лице за да спречи пренесување на инфекција. Денес се вели дека ако секој носи маски и држи дистанца, заштитата е близу 99%.Доколку носи само еден, зашртиатата за него е 30 % ако другите не носат маска “, напиша Кон на Фејсбук.

Тој додаде дека промената на ставовите за маските е последица на најновото истражување, а особено недвосмислените разлики во успехот на контролата на пандемијата каде маските се широко користени во однос на земјите каде не се користат

.

Треба да знаете
Последни објави