Search

Концерт на Теодосиј Спасов на „Џез-фактори фестивал“ во Битола

Со настап на „Молли Тролли Квартет“  вчеравечер во Битола почна второтo издание на „ Џез-фактори фестивал“. Главната фестивалска програма почнува вечерва со концертот на бугарскиот музичар Теодосиј Спасов во Битолскиот народен театар. По него ќе настапат и Теодосиј Спасов и Виктор Филиповски.  Во пропратната фестивалска програма за вечерва во клубот „Порта џез“ е закажан концерт на „Скопје Џез Инк“.

„Теодосиј Спасов е препознатлив како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин. Тоа што го прави уште повеќе популарен се неговите оригиналн идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанров“, информираат организаторите на „Џез-фактори фестивал“.

Програмата продолжува утре со настапот на „Џоле Грујовски Квартет“ и „Кабадајас“ во Битолскиот народен театар а Лина Авшар концерт ќе има во „Камарите“.

Во рамки на фестивалот утре во битолскиот театар во 14 часот ќе се одржи и џез-работилницата со наслов „Џез фестивали, организација, вмрежување, мобилност на артисти“, на која ќе говорат уметници, гости од државата и странство.

Фестивалот Џез-фактори се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и НУ Народен Театар–Битола.

Треба да знаете
Последни објави