Search

Концерт на „Ана Кап трио“ во Филхармонија

Неконевенционалниот музички состав од Франција „Ана Кап трио“ в сабота, на 15 февруари, во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија премиерно пред македонската публика ќе го претстави своето возбуливо „Траума шоу“.

Во ова трио свират Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника.

Во ова лудо и поетско шоу, „Ана Кап“ свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста.

Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник.

„Траума шоу“ на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни.

Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата.

Треба да знаете
Последни објави