Search

Концепт за намалување на штетите : Што тој значи за пушачите и како влијае на нив?

Во основата на сите наши стравувања се наоѓа грижата за безбедноста на здравјето и сопствениот живот како и животот на нашите блиски. Полека стануваме свесни дека секогаш постои ризик дека може да се случи нешто лошо што и да работиме. Факт е дека токму поради тоа е развиен концепт за намалување на штетите во сите области од животот. И тоа е она што сите нас може да не утеши.

За што всушност станува збор?

Што е концептот на намалување штета?

И покрај тоа што никаде не можеме да бидеме 100% безбедни сепак можеме да вложиме сили да редуцираме можност за негативен резултат. Ќе го објасниме тоа на пластичен пример.

Вообичаено возење со автомобил до маркет може да претставува опасност по живот. Од таа причина автомобилската индустрија го разви сигурносниот појас, воздушно перниче и слични мерки за превенција, а се со цел да се намали ризикот од повреда на возачот и патниците.

Вакви примери можеме да најдеме во сите сфери на секој дневното живеење па и во тутунската индустрија.

Според податоците на Светската здравствена организација, во светот во моментот постојат над милијарда активни пушачи. Судејќи по оваа бројка и по трендовите, постои голема сомнеж дека пушењето цигари ќе биде искоренето во некоја блиска иднина.

Иако некои пушачи успеваат да се откажат од оваа навика со силна желба, на многумина им е потребна помош преку лекарски консултации и никотински замени. Но на крајот на денот има и такви кои едноставно не сакаат да се откажат од тутунот.

Во такви случаеви е можно да се примени концептот за намалување на штетата. Модерната технологија развиена од страна на тутунската индустрија им овозможува на сите постоечки возрасни пушачи да користат некои од електронските уреди без чад , кои работат на база на загревање на тутунот, а не на согорување на истиот.

Така електронските цигари или производи кои загреваат тутун претставуваат современа алтернатива на тутунскиот чад, а со самото тоа го намалуваат и ризикот од несакани ефекти и болести кои традиционално се препишуваат на конзумирањето на цигарите.

Треба да знаете
Последни објави