Search

Контрола на сите возила на автопатиштите и патарините во Грција, 300 евра казна за прекршувачите

– За да се спречи пренесувањето и ширењето на коронавирусот од урбаните средини во селата во Грција, преку движења и патувања на граѓаните, особено во пресрет на Велигден, грчката полиција, попладнево започна 24-часовни контроли на сите возила на патарините, автопатите, локални патишта што водат од и кон урбаните средини, а казните за прекршувачите се 300 евра и одземање на регистарските таблици на 60 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнителните мерки и контроли, ги соопшти денеска заменик – министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, на редовната прес конференција за Ковид-19 и објасни дека исто како и на автопатите, контроли ќе има и на пристаништата, додека пак од аеродромите, железничките станици, пристаништата и меѓународните автобуски станици, ќе биде дозволено патување на граѓаните само до нивното постојаното живеалиште, но без можност да се вратат назад.

-Од вечерва и за целиот предвиден временски период, во случај органите задолжени за контрола да оценат дека има обид за меѓуградско движење, односно движење вон периферијата на живеење за рекреација, т.е кон викендичките, казната ќе биде двојна, односно 300 евра, ќе се одземаат таблиците на 60 дена, а возилото ќе се враќа онаму од каде што тргна, рече Хардаљас.

Претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на прес конференцијата соопшти дена во изминатите 24 часа од коронавирусот починале уште две лица, со што од почетокот на епидемијата во Грција има 83 жртви, а регистрирани се 52 нови случаи и вкупниот број на заразени се зголеми на 1854 лица. с

Треба да знаете
Последни објави