Search

Конте ќе предложи вонредната состојба да трае до крајот на јануари

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека ќе му предложи на парламентот да ја продолжи вонредната состојба до крајот на јануари следната година.

Вонредната состојба, која требаше да биде укината во средината на октомври, им дава поголеми овластувања на регионалните и централните влади, со што им се олеснува на службените лица да ги заобиколат бирократските правила што ги забавуваат повеќето процеси на донесување одлуки во Италија, истакнува „Ројтерс“.

Веќе неколку недели има забележително зголемување на бројот на лица заразени со коронавирусот во Италија, а расте и бројот на хоспитализирани.

Треба да знаете
Последни објави