Search

Конте: Јас сум тип кој сака да почека до јуни…

Италијанските и шпанските медиуми неодамна го поврзуваа Конте со Реал Мадрид, меѓутоа „Кралевите“ сепак се одлучија за Сантијаго Солари.

Наводно Антонио Конте добил повик од Флорентино Перез да го замени Хулен Лопетеги на тренерската функција во Реал Мадрид, меѓутоа Италијанецот ја одбил таа понуда.

„Јас сум тип на тренер кој сака да почека до јуни и тогаш да избере работа. Но, сепак, може да го погазам за неколку месеци тоа што сум го рекол сега“, изјави Антонио Конте.

Инаку, поранешниот тренер на Јувентус и Челси во неколку наврати има изјавено дека најмногу сака да работи дома, во Италија, па досега беше поврзуван со превземање на тренерската функција во Милан и Интер.

Треба да знаете
Последни објави