Search

Конте: Сите бевме под нивото

Тренерот на Интер, Антонио Конте, по нерешениот исход (1:1) со Славија во 1. коло од фудбалската Лига на шампионите, ја презеде одговорноста за неуспехот. Според него, тимот не играл ист фудбал како што сака да го види.

-Не сакам да издвојувам индивидуални играчи, сите ние дејствувавме под нашето ниво, вклучувајќи ме и мене. Главната одговорност е врз мене, затоа што не можев да им објаснам на играчите како треба да дејствуваат на теренот. Користевме исклучително долги додавања, а не вид на фудбал што сакам да го видам.

Треба да знаете
Последни објави