Search

Конте се поблиску до Интер

Антонио Конте е со поблиску до тоа да биде новиот тренер на Интер од Милано.

Медиумите во Италија пренесуваат дека поранешниот селектор на Италија практично постигнал договор со челниците на неро-азурите.

На поранешниот тренер на Челзи му е понуден четиригодишен договор со по осум милиони евра по сезона, а истиот ќе му истече во јуни 2023 година. Конте претходно бил тренер и на Сијена и Јувентус, а на крајот на сезоната во Интер ќе го замени Лучано Спалети.

Треба да знаете
Последни објави