Search

Конте сака да го привлече Канте во Интер

Интер го дефинираше играчот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте како главна трансфер цел за летото, објави денес „Газета дело спорт”.

„Сините” се подготвени да ги разгледаат предлозите за 29-годишниот Французин, тврди италијанското издание, иако тој беше дел од плановите на Френк Лампард во неговата прва сезона на „Стемфорд Бриџ”.

Тренерот на Интер, Антонио Конте инсистира на привлекување на Канте, кој беше составен дел на италијанскиот стручњак во Челси, кога тимот од Лондон триумфираше со титулата во Премиер лигата.

Во сезоната 2019/20, играчот од средниот ред одигра 28 натпревари за англискиот тим и постигна 3 гола. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави