Search

Конте: Сакам да знам што Видал му кажал на судијата !?

Интер е пред елиминација од фудбалската Лига на шампионите по групната фаза. Поразот од Реал Мадрид во Милано (0:2) ги разбранува духовите, а посебно поради исклучувањето на Артуро Видал, уште во првото полувреме. Чилеанскиот интеранционалец очекуваше при еден негов налет кон голот на „кралевите“ да му биде досуден пенал по што набрзина заработи два жолти картони и беше испратен во соблекувалната.

– Претпочитам да не зборувам за арбитражата, обично не сакам да зборувам за судиите. Навистина не смее да се случи нешто вакво, освен ако Видал не кажал нависитна нешто многу тешко. Навистина ме интересира што му кажа Видал на судијата, бидејќи да го оставиш тимот со 10 играчи во првото полувреме е еднакво на убиство – изјави Конте.

 

Треба да знаете
Последни објави