Search

Конте побара од ЕУ „повеќе амбиција, единство и смелост”

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ја заостри својата реторика и спорот за парите заради пандемијата со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку страниците на римскиот весник „Ла Република”.

Конте за весникот напиша писмо како одговор на извинувањето кое Фон дер Лајен вчера го објави во истиот весник.

„Жалам”, им напиша Фон дер Лајен на Италијанците. „ЕУ сега е со вас”, додаде таа.

Во писмото на Конте не се чуствува дека текстот на претседателлката ЕК му оставил некаков впечаток.

“Сакана Урсула”, напиша тој, „ слушам идеи (од вас) кои не се достојни за Европа.”

Тој уште кажа дека е време ЕУ  „да покаже повеќе амбиција, повеќе единство и повеќе смелост”.

Спорот е за милијарди евра со кои Италија бара Европската унија да и помогне во борбата со новата коронавирусна пандемија, која досега во оваа земја уби речиси 14.000 лица и ја разурна економијата.

Конте од ЕУ побара да почне со издавање на таканаречена „коронаобврзница”, што може на земјите, како Италија, да им овозможи полесно и поевтино да се справат со кризата.

Фон дер Лајен, пак, застана на страната на Германија и некои други северноевропски држави, кои имаат сомнежи кон обединувањето на финансиските ризици, бидејќи тоа може да им ги зголеми сопствените трошоци на кредитите за сметка на позадолжените земји.

Фон дер Лајен поддржува гаранции за цела ЕУ, која може да собере 100 милијарди евра за помагање на националните планови за невработеност во земјите со проблеми.

Таа на Италијанците им кажа дека со оваа поддршка во кредити ЕУ „ ја демонстрира  европската солидарност”.

Конте изјави дека ја поздравува иницијативата на ЕУ за невработеноста. Но, тој, исто така, додаде дека сака јасно да се знае дека сака и „коронаобврзница”.

Треба да знаете
Последни објави