Search

Конте одбил уште една понуда…

Поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте наводно деновиве одбил понуда која што пристигнала од Аргентина.

Од управата на аргентински Бока Јуниорс деновиве му испратиле понуда на Антонио Конте, но Италијанецот наводно веднаш ја одбил понудата затоа што не сакал да работи надвор од Европа.

Поранешниот селектор на италијанската репрезентација им се заблагодарил на Бока Јуниорс и им нагласил дека негова цел е да биде тренер на клуб кој што се натпреварува во едно од петте најсилни европски првенства.

Конте досега најчесто се поврзуваше со превземање на клупата на италијанските клубови, односно со Интер, Милан и Рома.

Треба да знаете
Последни објави