Search

Конте заврши на операција

Англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем на неодреден период остана без тренерот Антонио Конте. Италијанецот претпалднево бил хоспитализиран. Клубот објави дека лекарите препорачале операција на жолчката.

Тотенхем не објави колку време Конте ќе биде на боледување.

Тотенхем моментално е петти на табелата во Премиер лигата, во следното коло за четири дена ќе го пречека Манчестер сити. Се очекува Рајан Мејсон или Кристијан Стелини да го преземат тимот додека Конте биде отсутен.

Треба да знаете
Последни објави