Search

Конте е подготвен да плати 40 милиони евра за Кулушевски да се пресели во Интер

Тинејџерот Дејан Кулушевски е на цена во италјанската фудбалска Серија А. За шведскиот државјанин со македонско потекло, Кулушевски (19 г.) кој настапува за Парма, интерес пријавуваат трофејните калчолигашки екипи како Интер, Јувентус, Милан…
Според италјанските медиуми тренерот на Интер, Антонио Конте му фрлил „око“ на  играчот од средниот ред за кој е подготвен неговиот клуб да издвои 40 милиони евра и да го доведе на „Џузепе Меаца“.
Кулушевски е со македонско потекло, дури и настапи за македонскиот државен тим до 16 години, но подоцна се премисли и продолжи да игра за помладите селекции на Шведска, која пак да се осигрура пред ноемврискиот квалификациски двомеч со Романија и Фарски Острови му упати и сениорска покана. Тој се најде во ростерот за дуелот со Романија во Букурешт во кој Шведска со триумф обезбеди настап на завршница од ЕП-2020, па се очекува на вечерашниот дуел со Фарски Острови и да дебитира за „викинзите“.
Кулушевски оваа сезона игра добро во дресот на Парма, каде пристигна на почетокот од сезоната од Аталанта како позајмен играч.

Треба да знаете
Последни објави