Search

Конте е заинтересиран да го преземе Јунајтед ако клубот го отпушти Солскјер

Италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте може да го предводи Манчестер јунајтед, пренесува „Дејли стар”.

Според британскиот медиум, екстренерот на Јувентус, Интер и Челзи е заинтересиран да работи за клубот од „Олд трафорд” доколку сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер добие отказ.

Последната работа на Конте беше Интер, со кој стана шампион на Италија за 2020/21 година. По завршувањето на сезоната, тој го напушти клубот поради несогласување со клупската политика.

Треба да знаете
Последни објави