Search

Конте : ЕУ не може да ги прифати турските уцени

Европската унија (ЕУ) не смее да подлегнува на заканите на Турција дека ќе испрати неколку милиони сириски бегалци на стариот континент, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте, додавајќи дека Анкара треба веднаш да ја прекине операција во северниот дел на Сирија.

„ЕУ не може да ја прифати оваа уцена. Обидите на Турција да ги смести бегалците не можат да бидат средство за уцена за воена операција,којашто не можеме да ја прифатиме и мора веднаш да престане“, рече Конте.

Турција, која и понатаму формално се стреми да влезе во ЕУ и покрај зголемените критики на сретка на Анкара поради односот кон човековите права, ги отфрла барањата за прекин на офанзивата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера се закани на ЕУ со „отворање на вратата и испраќање на 3,6 милиони бегалци“ на стариот континент, ако ги третира операциите на Анкара во северна Сирија како „окупација“.

Треба да знаете
Последни објави