Search

Конте го откажа Давос, еден ден по оставката на Ди Мајо

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го откажа планираното патување на Светскиот економски самит во Давос, еден ден по поднесувањето оставка од функцијата на Луиџи ди Мајо, лидер на  Движењето пет ѕвезди, најголемата партија во коалициската влада.

Кабинетот на италијанскиот премиер не ги наведе причините поради кои патувањето во Давос е откажано, но изјави дека Конте останува во Рим да се занимава со итни прашања.

Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо, кој е во владата откако популистичкото движење доби 33 проценти од гласовите на изборите во 2018 година, вчера поднесе оставка од партијата, но останува министер.

Сепак, ова внесе дополнителна неизвесност во владејачката коалиција во Италија.

Ди Мајо го замени Вито Крими, кој ќе остане на функцијата до партиската конференција на која ќе се избере нов претседател, што ќе се случи во наредните месеци.

Треба да знаете
Последни објави