Search

Контактите на заразената директорка чекаат ред за контролно тестирање на коронавирус

Над двесте лица, кои се во изолација поради контакт со директорката на Клинката за дерматологија, Нина (Цаца) Билјановска, која беше разрешена од функцијата, чекаат ред за да им биде направен контролен тест на коронавирус.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека кај ниту едно од лицата што биле во контакт со ексдиректорката не се појавиле симптоми на вирусот.

Тие се во изолација од 9 март откако на 8 март ноќта кај директорката бил дијагностициран коронавирусот.

„Сите што биле во контакт со директорката на Клиниката за дерматологија ќе бидат тестирани во следните денови. Во соработка со нив ќе бидат направени групи за тестирање затоа што не може сите да бидат завршени во еден ден. Кај нив изолацијата од 14 дена е истечена, немаат симптоми на болеста. Кога ќе ги соопштиме резултатите од тестирањето, очекуваме тие да се вратат на работните места“, рече министерот Филипче.

Ексдиректорката Билјановска на 29 март се вратила од Италија, но место да се изолира, цела недела одела на работа, а учествувала и на симпозиум, каде што имало над стотина дерматолози од целата земја. Клиниката за дерматологија беше затворена, вработените пуштени во домашна изолација, а министерот ја разреши Билјановска од функцијата.

Министерот за внатрешни работи ,Наќе Чулев, минатата недела извести дека поднел пријава до Обвинителството за екдиректорката и дека и таа како и сите други лица што не ги почитуваат препораките на Владата, ќе бидат казнети во согласност со членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Треба да знаете
Последни објави