Search

Конститутивна седница на новиот состав на Парламентот на Црна Гора

Конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Црна Гора, на која треба да бидат избрани претседателот и потпретседателот на Собранието, почна денеска околу пладне.

Со седницата раководи најстариот пратеник, лидерот на Демократскиот фронт, Миодраг Лекиќ.

На почетокот на седницата, претседателот на ДИК достави Извештај за резултатите од парламентарните избори одржани на 30 август.

Членот на Демократскиот фронт, Милан Кнежевиќ пред усвојувањето на дневниот ред на конститутивната седница, рече дека сојузот го поддржува изборот на Демократите Алекса Бечиќ да биде претседател на Парламентот.

Кнежевиќ рече дека на тој начин ќе бидат отстранети сите сомневања дека Србите го предале договорот на трите коалиции и дека тие се борат само за функција.

– Соопштуваме дека не не интересираат фотелји, туку само иднината на Црна Гора и сите нејзини народи, рече Кнежевиќ.

Треба да знаете
Последни објави