Search

Конститутивна седница на Дигиталниот форум за Информатичко комуникациски технологии

Денеска се одржа конститутивна седница на Дигиталниот форум за ИКТ (Информатичко комуникациски технологии) со којашто претседаваше министерот, Дамјан Манчевски, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

За претседател на Дигиталниот форум е избран Боро Јакимовски, претставник од академскиот сектор и професор на ФИНКИ, а за заменик-претседател Бардил Јашари, претставник именуван од невладиниот сектор и извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“.

„На денешната седница беше утврдена динамиката со која би се состанувале членовите, идните чекори во насока на прецизирање на визијата и целите на новоформираниот Дигитален форум, како и начинот на понатамошна комуникација со националниот совет за ИКТ и сајбер безбедност“, соопштуваат од надлежното министерство.

Во форумот освен министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ и сајбер безбедност Владимир Цветковиќ, членуваат уште 12 претставници од невладиниот и академскиот сектор, како и Стопанските комори поврзани со информациско-комуникациските технологии.

Дигиталниот форум ќе работи врз основа на размена на идеи, искуства и информации од областа на информатичкото општество и обезбедува координација и учество во развојот на информатичкото општество на јавниот, приватниот, граѓанскиот сектор и академската заедница, објасниваат од министерството.

Треба да знаете
Последни објави