Search

Конзервативците на Џонсон пред убедлива победа

Конзервативците на британскиот премиер, Борис Џонсон освоија 368 мандати, Лабуристите на Jереми Корбин 191, Либералните демократи 13 места, Шкотите 55, Зелените 1 и Најџел Фараж без места во парламентот, покажа првата, но многу темелна излезна анкета од најважните избори во модерната историја на Британија.

Анкетите беа спроведени на избирачките места низ целата земја заеднички од водечките британски медиуми- Би-Би-Си, Ај-Ти-Ви и на „Скај њуз“ во текот на целиот ден, но треба да се напомене дека во изминатите четири изборни циклуси овие анкети само двапати ги предвидуваа конечните резултати со 100 процентна сигурност.

Според анкетите Конзервативците освојуваат дури 50 места повеќе од претходните избори во 2017 година, што значи дека Џонсон ќе го спроведе договорот со ЕУ за Брегзит. Лабуристите, пак, имаат историски слаб резултат по кој се очекува Корбин да биде сменет.
Лидерот на Шкотската национална партија, Ангус Робертсон најави дека ако освојат 55 пратеници, како што вели анкетата ќе бараат повотрен референдум за независност.

 

Првите официјални резултати ќе бидат објавени после полноќ.

Ова беа трети парламентарни избори во Британија за период од пет години и први кои се одржаа во декември по речиси 100 години.

 

Треба да знаете
Последни објави