Search

Коневски: Мицковски и самиот не верува во тоа што го зборува

Христијан Мицкоски е единствениот одговорот за поразите на ВМРО-ДПМНЕ и тоа треба да го прифати како реалност рече Ивица Коневски во вечерашното гостување на Телма. Прашањето е додено до таму или тој или партијата, дециден е Коневски, кој за она што им го возвраќа лидерот на партијата на нивните барања за свикување на Вонреден конгрес е убеден дека и самиот Мицковски не верува во она што го зборува.

-Знае дека ја има изгубено довербата кај делегатите што го гласаа. Знае дека треба да излезе пред нив и да им се заблагодари за поддршката и да ги презентира сите аргументи кои доведоа до пораз на локалните избори – вели Коневски.

Според Коневски покренатата иницијатива за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ добива се поголема подршка и затоа е оптимист за неговото одржување. Коневски негира дека причината зошто не го свикале досега вонредниот конгрес не е недоволната подршка туку желбата на него да присуствуваат сите делегати што го гласаа Мицкоски во Валандово во 2017. Дополнително, сакаат да го почекаат завршувањето на локалните избори во Штип и Пласница за да не му понудат уште едно алиби за евентуалнен неуспех на Мицкоски и по нивното завршување.

 

Треба да знаете
Последни објави